Метрополитанската полиција потврди дека има докази против глумецот Кевин Спејси, кој е обвинет за сексуален напад врз тројца мажи. Тој е обвинет по четири точки во кои е наведено дека Спејси ги принудил тужителите на пенетративна сексуална активност без нивна согласност.
BBC наведува дека Спејси ќе дојде во Магистратскиот суд во Вестминстер во четврток во 10 часот по лондонско време. Обвинувањата следеле по прегледаните докази кои ги собрала Метрополитанската полиција. Спејси е обвинет по две точки за сексуален напад врз мажи кои сега имаат 40 години. Нападот се случил во Лондон во 2005 година.
Исто така тој е обвинет по една точка за сексуален напад и една точка за наведување на лице да се пушти во пенетративна сексуална активност без согласност. Овој маж сега има 30 години, а немилиот настан наводно се случил во Лондон во 2008 година.
Во четвртото обвинение Спејси е обвинет од триесетгодишен маж, кој тврди дека сексуално го нападнал во 2013 година во Глоучестершир.