Правила кои кралските дадилки не смеат да ги прекршат

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот секогаш се во сигурни раце затоа што за нив 24 часа дневно се грижат најдобрите дадилки. Постојат дури и посебни училишта за кралските дадилки во кои се учат строгите правила за таа особено одговорна работа. Издвоивме 10 правила и должности спрема кои кралските дадилки мора да се придржуваат и да ги извршуваат.

Мора да знаат да ја заврзат пелената на неколку начини. Во кралските семејства не е обичај да се користи еднократната пелена, поради што дадилката и пред да ја добие работата, мора да знае да ја заврзе пелената на неколку начини, со цел на детето во секој момент да му биде пријатно.

Детската игротека мора да се одржува беспрекорно уредна. Таа задача не е секогаш едноставна затоа што кога детето ќе се заигра, целиот под може да биде поплочен со играчки. Но на дадилката е целиот неред константно да го раскрева, така што игротеката да  биде постојано уредна.

Мора да знае да ги отера напаѓачите. Сигурноста на детето е на прво место, а со тоа дадилката мора да го заштити детето и од папараците, како и од другите можни закани, поради што некои од дадилките имаат и завршен курс по таеквондо за да бидат  подготвени да ги отераат можните напаѓачи.

Мора да знае брзо да вози. За да биде во можност да им избега на љубопитните погледи и луѓето кои постојано ги следат, дадилката мора да биде умешна со воланот, односно да знае брзо да вози, а притоа да не ја загрози сигурноста на детето.

Мора да биде добра пливачка. Тоа особено вреди за кралските дадилки во Велика Британија, која е опкружена со вода, а членовите на кралското семејство сакаат да отидат на одмор на крајбрежјето. Поради тоа дадилката мора да заврши курс по спасување од давење.

Смее да носи минимална количина мејкап. Ученичките на колеџот Норланд кои се школуваат за дадилки носат умерени и скромни кафени униформи, но и ја избегнуваат упадливата шминка исто така. По добивањето на дипломата, униформата ја носат само во посебни пригоди, а лицето и понатаму мора да биде природно.

Дозволено е да носи само дискретни модни додатоци. Кралската дадилка никогаш не носи упадлив, дречлив или висечки накит, туку само суптилни обетки, односно поскромни парчиња накит.

Мора да биде доволно силна за да управува со колички тешки повеќе од 30 килограми. Количката од брендот Силвер Крос е најпопуларна меѓу припадниците на кралското семејство, а нивна одлика е нејзината тежина, односно прилично е тешка. Па за маневрирање на количките во кои се возат малите принцези и принцови е потребна умешност и добри вештини.

Мора да внимава детето здраво да се храни. Секако, готвачките и готвачите се задолжени за подготвување на секој оброк, но на дадилката е да внимава детето истите тие оброци да ги изеде и да му всади здрави прехранбени навики.

Мора да биде спремна да го смири уплаканото дете во кој било период од денот или ноќта. Дадилката е онаа која ќе се дигне среде ноќ и ќе отиде да го смири уплаканото дете.

Scroll to Top