„Рамштајн“ ги демантира медиумите: Тил Линдеман не е заразен со корона

By

Откако медиумите ширум светот вчера ја пренесоа веста на германски „Билд“, дека пејачот на „Рамштрајн“, Тил Линдеман има коронавирус, германскиот рок-бенд ги демантира нивните пишувања.

„Тим Линдеман вчера беше сместен во болница по препорака на докторот на бендот. Тој помина една ноќ на интезивна нега во болницата, но е преместен бидејќи се чувствува подобро. Тестот за коронавирусот беше негативен“, напишаа од бендот.

Тил во средината на март имал концерт во Москва, а кога се вратил во Берлин кренал висока температура. Итната помош го донела во болница каде се тестирал за коронавирусот, а тогаш германските медиуми започнаа да пишуваат дека тестот бил позитивен.

Фановите, пак, пишуваа дека Тил на концертот бил енергичен како и секогаш и дека не покажувал знаци на болеста.

Ќе ви се допадне

The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods Episode 24 at website https://animefreak.ws animefreaks official website

Watch The Day I Became a God (Dub) Episode 2 (https://crunchyrollfree.com/m/NM61/ep-2) at website https://crunchyrollfree.com. See more vrv premium account list