Светската пејачка Ријана стана првата црномуреста жена која се појавила на насловната страница на британското издание на магазинот „Вог“ во неговата 102-годишна историја.
Откако беше објавено дека Бијонсе ќе биде на насловната страница на септемвриското издание на американски „Вог“ и дека за првпат насловната ќе ја слика црномурест фотограф, сеоак магазин најави дека ја ангажирале Ријана за Велика Британија поради нејзината моќ да крши граници.
„Почестена сум што ме поканивте да бидам дел од списанието“, напиша музичката и модна ѕвезда на Твитер
„Отсекогаш знаев дека тоа мора да биде Ријана. Кога станува збор за таа моќна комбинација на мода и слава, никој нема таква моќ како Ријана“ вели Едвард Енинфал, првиот црномурест уредник на списанието.