Рос најави снимање на „Пријатели“ во август

Глумецот Дејвид Швимер, познат по ликот на Рос во „Пријатели“, најави повторно снимање на хумористичната серија во август. Секој од глумците ќе заработи меѓу 2,25 и 2,5 милиона долари за секоја снимена серија.

Серијата досега има снимено десет сезони, а се емитуваше од 1994 до 2004 година. „Ејч-би-о макс“ ги промени своите продукциски планови за собирање на глумците во „Пријатели“, па поради пандемијата со Ковид 19, најавената посебна епизода може да се сними во август во карантин, открил Дејвид Швимер.

Комплетната екипа, меѓу кои се и Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Метју Пери и Метле Бланк, требало специјалната емисија да ја сними во март, но епидемиолошката ситуација поврзана со короанвирусот ја прекина комплетната филмска индустрија.
„Тоа би можело да се случи веројатно на средината на август“, изјавил Швимер во емисијата The Tonight Show. Но, искрено, ќе мора да причекаме уште една недела да видиме дали е доволно безбедно за снимање. Ако не, ќе почекаме додека не биде безбедно“, изјавил Швимер.
Глумецот додаде и дека тој и неговата добро позната екипа од култната хумористична серија многу сакаат да направат специјал, кој би требало да се сними во оригиналното студио „Бурбанк“ во Калифорнија.
Scroll to Top