Сајмон Кауел итно пренесен во болница

Членот на жирито во емисијата „X Фактор“, Сајмон Кауел (60) е итно префрлен во болница, откако го повредил својот грб во својот дом. Сајмон додека возел на електричен велосипед во дворот, во неговата вила во Малибу, паднал и заработил тешка повреда, пренесуваат светските медиуми.

„Во саботата го повреди грбот и веднаш му беше закажана операција“, изјавил извор близок до Сајмон и додал дека во целата таа ситуација, добро било тоа што во моментот на незгодата, неговото семејство било со него.

 

Scroll to Top