Славни дами на кои лошиот дезодоранс им го расипал беспрекорниот изглед

За да се подготват за црвениот тепих, славните дами поминуваат неколку часа со својот тим за разубавување.

Се препуштаат на стручните раце за нивната шминка биде беспрекорно нанесена, косата совршено исчешлана, а облеката и модните додатоци споени без грешка.

Во текот на тој процес доаѓа и до мали неудобности, особено ако дамите се спремаат да позираат во фустани од синтетички материјали кои не ѝ даваат на кожата да дише.

Во текот на топлите вечери и под светлото на силниот рефлектор, под пазувите или градите лесно е да се добијат дамки од пот.

Доколку не сте наоружени со силен дезодоранс, тие дамки се пресликуваат на облеката и го расипуваат беспрекорниот изглед на ѕвездата.

Погледнете во нашата галерија и видете кои се славните дами кои ја доживеале оваа мала неугодност на црвениот тепих.

Scroll to Top