„Софт сел“, иконите на синтпоп звукот од 80-ите години, неодамна ја објавија првата песна по 15 години пауза. Насловена „Поларна светлина“, таа доаѓа додека дуото Марк Алмонд-Дејв Бол се подготвува за прошталниот концерт, што ќе се одржи во арената „О2“ во Лондон на 30 септември.
„Софт сел“ постигна голем успех во првата половина на 80-тите години кога издаде четири албуми, но тоа се должеше најмногу на обработката на „Извалкана љубов“, хитот на Глорија Џонс од 1964 година. Тие имаа десет топ 10 хитови во Велика Британија, пред да се разделат во 1984 година поради проблеми со дроги. Се обединија за да снимат нов албум во 2002 година. „Поларна светлина“, заедно со уште една нова песна, ќе се најде на новата компилација на бендот, што ќе излезе на 28 септември.