Трамп првпат стави заштитна маска во јавност

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат во јавност носеше заштитна маска. Тој посети воена болница во предградието на Вашингтон за да ги запознае медицинските лица кои се грижат за болните со Ковид-19.

„Кога сте во болница, мислам дека се очекува да носите маска“, изјави Трамп при излегувањето од Белата куќа.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во САД, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите да носи заштитна маска во јавност. Аналитичарите коментираа дека претседателот сттравувал дека ако стави маска, со тоа ќе покаже слабост пред народот.

Инаку, во Америка со корона досега се заразени повеќе од 3,2 милиони лица.

Scroll to Top