Уапсен продуцентот на Бијонсе поради 15 сексуални напади

Музичкиот продуцент и добитник на „Греми“, Дитејл, во средата бил уапсен поради низа наводни сексуални напади, велат од полицијата на Лос Анџелес.

Кауцијата да се брани од слобода изнесува 6,3 милиони долари, а обвинет е за 15 сексуални напади, кои наводно се случиле во периодот помеѓу 2010 и 2018 година.

Минатата година една манекенка и пејачка, која го обвинила Дитејл за силување и вознемирување, победила во парницата против него и добила 15 милиони долари.

Продуцентот Дитејл, чие вистинско име е Ноел Кристофер Фишер, продуцирал многу хитови за Бијонсе и за раперот Лил Вејн, а за песната Drunk In Love на Бијонсе освоиле „Греми“ за најдобра аренби-песна и најдобра аренби-изведба на сцената за 2015 година.

Scroll to Top