(Видео) Амбер Херд му го пресекла прстот на Џони Деп, а тој со крвта го напишал своето име

Холивудската глумица Амбер Херд во 2015 година му го пресекла прстот на својот поранешен партнер Џони Деп, а тој со крвта си го напишал своето име, пренесуваат светските медиуми. Ова го тврдат адвокатите на Деп, кои приложиле и фотографија до судот.

Двојката веќе некое време се влече по судови, каде што се обвинуваат за семејно насилство. Амбер го тужи Деп дека досега неколкупати се однесувал насилно кон неа, а Деп возвратил дека тој бил жртвата и дека глумицата сака само да извлече пари од него.

Во тужбата, која неодамна ја поднесоа против британскиот таблоид „Сан“, адвокатите на Деп го обвинуваат весникот дека намерно шири дезинформации за нивниот клиент нарекувајќи го насилник кој ја претепал својата жена.

Тие доставија и низа докази дека Амбер во 2015 година, со скршено шише вино, му го пресекла прстот на нивниот клиент и дека Деп по инцидентот, веднаш завршил во болница, каде што морале да му го сошијат. Амбер тврди дека нема никаква врска со повредата на Деп.

Таа вели дека тој самиот си ја нанел како резултат на неговата зависност кон алкохолот и тешките дроги. Деп во тој период ја обвинил Амбер дека го изневерува со холивудскиот глумец и сценарист Били Боб Торнтон. Нејзиниот тим, пак, тврди дека Деп три дена ја држел во заложништво и дека ја малтретирал.

Амбер и Деп се разведоа по неколку години брак и пет години врска. Таа побарала развод во 2016 година и веднаш добила привремена судска заштита од Деп. Како причина за разводот таа ги навела ненадминливите разлики во нивниот однос, кој кулминирал со семејно насилство.

Scroll to Top