(Видео) Лопез доби „порше“ од вереникот за роденден

Американската пејачка Џенифер Лопез за својот 50. роденден од својот вереник Алекс Родригез доби „порше“ вредно 120.000 долари.  Пејачката веднаш одлучила да се повози во новиот луксузен автомобил, пишуваат американските медиуми.

Двојката роденденот го прослави во Мајами. Латино-ѕвездата на својот „Инстаграм“ се пофали со снимка од забавата на која лудо се забавува со својот вереник и пријатели во еден клуб.

„Откако сме заедно, секој ден се чувствувам како да ми е роденден. Фала ти за твојата страст и енергија. Ти си ми вечна инспирација. Секогаш се трудиш да бидам најдобра што можам“, напишала на својот „Инстаграм“.

Почнала како танчерка, Бен Афлек ја оставил пред олтар, а сака да стане претседател на САД

Scroll to Top