Принцот Филип, 97-годишниот сопруг на британската кралица, Елизабета Втора, доживеал сообраќајна несреќа во источна Англија, соопшти Бакингемската палата, пренесе „Ројтерс“.
Се наведува дека војводата од Единбург не е повреден во несреќата.
„Војводата попладнево учествуваше во сообраќајна несреќа со друго возило. Тој не е повреден“, пишува во соопштението.
Би-би-си извести дека принцот Филип возел „ренџ ровер“, а другото возило се превртело при сударот.
Очевидец за британскиот јавин сервис кажал дека војводата по несреќата бил многу вознемирен.