(Вознемирувачко видео) Објавена снимката со напаѓачите кои пукаат во човекот кој ги шета кучињата на Лејди Гага

By

Откако непознати лица пукале во Рајан Фишер, мажот што ги чува кучињата на Лејди Гага, и украле две од нив, порталот „Ти-ем-зи“ објави снимка од нападот. Фишер бил застрелан околу 22 часот, четири пати со полуавтоматски пиштол. Фишер бил пренесен во болница и по операцијата заздравува од прострелните рани.

На видеото од безбедносните камери се гледа како двајцата напаѓачи доаѓаат до него, а потоа и пукаат во мажот, кој цело време бара помош.

„Ве молам, ме застрелаа, помогнете“, вели тој.

Напаѓачите веднаш се оддалечиле од местото на настанот.

Според „Ти-ем-зи“, соседот не сакал да го објави видеото од безбедносните камери сè додека не стапил во контакт со Лејди Гага, која побарала видеото сепак да биде објавено за полицијата да може да ги најде сторителите. По напаѓачите сè уште се трага.

Лејди Гага понуди награда од половина милион долари за тој што ќе ѝ ги врати двата француски булдози што беа украдени во нападот.

На Лејди Гага ѝ ги украдоа кучињата, пејачката нуди 500.000 долари за да ги најде

Ќе ви се допадне

KissAnime legend of korra kissanime: Watch High-Rise Invasion Episode 7

ANIMEFLIX anime websites: Bleach Episode 366