Познатиот режисер Вуди Ален во интервју за „Си-би-ес“ проговори за наводите дека сексуално ја злоупотребил својата посвоена ќерка Дилан кога таа била малолетна. Ален ја посвои Дилан со својата поранешна жена, актерката Миа Фароу. Во документарниот филм „Фароу против Ален“ во четири дела, и самата Дилан раскажува како татко ѝ ја злоставувал.
„Верувам дека таа го мисли тоа. Беше добро дете. Не верувам дека измислува. Не верувам дека лаже. Верувам дека таа верува во тоа“, вели Ален.
Режисерот никогаш не беше судски обвинет за сексуални злосторства и постојано негира дека несоодветно се однесувал со ќерка си пред триесетитина години. Тој го опиша „Ален против Фароу“ како измислица, критикувајќи го како „изделкана работа, преполна лаги”.
„Тоа беше толку безобразно, а сепак дамката останува. И, тие сè уште претпочитаат да се придржуваат, ако не до фактот дека сум ја злоупотребил Дилан, барем до можноста дека сум ја злоупотребил. Ништо што некогаш сум правел со Дилан во мојот живот не може да се сфати и опише како погрешно“, вели тој и додава дека во обвинувањата на Миа и Дилан Фароу нема ништо логично.
Миа Фароу се плаши од Вуди Ален и 30 години по разделбата: Посакувам никогаш да не го сретнев