За првото појавување на екраните, Меган може да заработи 50 милиони долари

Ако Меган Маркл се реши повторно да глуми, таа уште на нејзиното прво појаввање би можела да заработи и до 50 милиони долари, сметаат некои од филмските холивудски продуценти пишува „Мирор“. И самата Меган изјави досега неколку пати дека има желба да ѝ се врати на глумата.

Таа намерно со сопругот Харис е пресели во Лос Анџелес, каде може полесно да се снајде во светот на Холивуд. Тие неодамна се преселија во новиот дом во Санта Барбара.

Еден од холивудските режисери Пол Феиг, изјавил дека има желба да работи со Меган. Тој вели дека Меган е сјајна и дека самиот тој е нејзин обожавател. И британскиот менаџер Џонатан Сигмунд Шалит, изјавил дека нејзиното враќање на сцената би била феноменална работа.

„Сите сакаат да ја видат Меган, без разлика на улогата која ќе ја игра. Говориме за 50 милиони долари. Луѓето ќе бидат фасцинирани кога ќе ја видат. Ако се врати во серијата Suits, мислам дека тоа ќе биде најгледана во светот“, вели тој за светските медиуми.
Тој вели дека Меган ќе мора внимателно да ги одбере глумците со кои ќе работи, ако сака да успее во овој бизнис. Тој тврди дека Меган има неверојатна способност, на која можат да и позавидат голем број на филмски продуценти.
„Одлично е што се враќа на работата“, вели Шалит.
Scroll to Top