10 трикови за шминкање кои секоја жена треба да ги знае

Постојат неколку трикови за шминкање што секоја жена би требала да ги знае и применува.

Коректор
Никогаш не го нанесувајте коректорот на очните капаци како основа за сенка бидејќи ќе ја набира и тутка по неколку часа носење.

Пудра
Зависно од тоа каков финиш сакате од вашата омилена пудра, нанесете ја со прсти или козметичко сунѓерче за поприроден, тенок и проѕирен финиш, а доколку сакате да добиете средна до целосна покривност нанесете ја со четка за пудра.

Пудра во прав
Секогаш нанесувајте ја пудрата во прав онаму каде е најпотребна, на места каде кожата е масна, а тоа е најчесто Т-зоната. Н на останатите делови од лицето само благо поминете со четка.

Бронзер
Користете го штедливо, малку на јаболчниците и челото, а она што ќе остане на четката само поминете низ носот и брадата за да добиете изглед како штотуку да сте биле на плажа.

Руменило
За младешки и заводлив изглед, нанесете од вашето омилено розово руменило од јаболчниците кон врвот на ушите.

Веѓи
Без разлика дали користите молив за веѓи или пак сенка, секогаш водич за боја нека ви биде коренот на косата. И секогаш избирајте постудени тонови.

Маскара
Доколку вашата маскара по неколку употреби станала сува, нанесете малку хидратантен крем на четкитката од маскарата и потоа вратете ја во тубата. Маскарата ќе ви биде како нова.

Kармин
Откако ќе ја обележите линијата на усните и нанесете кармин, за да го направите подолготраен врз него нанесете малку некомпактна пудра во прав која е без пигмент. Така не само што карминот ќе трае подолго, туку и ќе имате тренди мат финиш.

Сенка за очи
Доколку нанесете пудра па потоа преминете кон шминкање на очите, за да спречите ронење и паѓање на сенката нанесете подебел слој некомпактна пудра во прав без пигмент или во лесна жолта под очите. Тоа ќе спречи нивно размачкување. Откако ќе завршите, со четка отстранете го вишокот пудра во прав. Со тоа ќе добиете поголем контраст и осветлување на зоната под очите.

Молив за очи
Постинете инстант ефект на smokey eyes  со моливче за очи во црна или темно кафена боја. Нанесете го моливчето по линијата на трепките горе и доле, па потоа со чепкалка за уши само поминете за да го размачкате. Повторете доколоку е потребно.

 

Scroll to Top