13 камиони спречија човек да се самоубие

Полицијата од американската држава Мичиген на уникатен начин одлучи да спречи самоубиство на човек кој се закани дека ќе скокне од надвозник над автопат.

Драмата се случувала во раните утрински часови, а лентите на автопатот 696 во Мичиген биле празни. На работ на надвозникот стоел човек кој се заканувал дека ќе скокне. Под надвозникот се наредиле 13 камиони со приколки, паркирани за да го ублажат падот доколку мажот одлучи да скокне.

Набрзо по постројувањето на возилата, човекот се повлекол и да слегол од надвозникот.

Scroll to Top