13 сватови во Штип затруени од салмонела

Шеснаесет лица од Штип, меѓу кои и едно дете, се хоспитализирани на инфективното одделение во штипската Клиничка болница откако се затруле од храна. Според направените анализи, засега кај 13 пациенти е констатирано дека причина за симптомите била салмонела. Лицата биле на три различни свадби, но во истиот угостителски објект. Според лекарите, првите пациенти почнале да пристигнуваат минатата недела, по што продолжиле и во текот на наредните денови.

„Во неделата на онфективното одделение јавени се неколку пациенти со симптоми на повраќање, дијареа, изнемоштеност, грчеви во стомакот, и истите се задржани во болницата. До вчера нивниот број изнесува 16 пациенти, меѓу нив е и едно дете со истите симптоми, и тоа е задржано на одделението“, изјавила Марина Шуманска, портпарол на Клиничка болница-Штип.

Scroll to Top