17-годишниот Енис бара помош повторно да прооди

Редакцијата на „Репортер“ се вклучи во акцијата за донирање средства за 17-годишниот Енис Растодер од Скопје, кој треба да оди на лекување со матични клетки во Турција. Енис една година е парализиран во рацете и нозете. Откако се повредил, тој е во инвалидска количка и не може да се движи, ниту да се грижи за себе.

Лекувањето со матични клетки во Турција чини 21.000 евра, а семејството апелира до сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат со донации, да донираат по 100 денари.

За лекување на Енис се отворени телефонски линии, преку Т-Mobile е 070-143-123, а преку A1 е 143-470. Контакт број од неговите родители: 070-483-911

Scroll to Top