Македонскиот филм „Северен Пол“ се квалификува за „Оскар“ откога ја освои главната награда на фестивал во Шпанија

Филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска ја освои главната награда на фестивалот за краток игран и документарен филм што се одржа во Билбао, Шпанија. Откако ја освои главната награда на 63. фестивалско издание, „Северен пол“ се квалификува за наградата Оскар, а доби и номинација за Европските филмски награди .

„Северен пол“, кој е во продукција на „Кино око“ имаше премиерата во официјалната селекција во Кан, а оттогаш учествуваше на повеќе од дваесет интернационални фестивали во светот.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.

Scroll to Top