Синот на Амди Бајрам пијан удрил во два автомобила на „Партизанска“, па тепал со боксови

Вчеравечер на булеварот Партизански одреди, во близина на хотел „Карпош“, лицето Г.Б, син на политичарот Амди Бајрам, предизвикал верижен судар. Тој, според очевидци, возел побрзо од пропишаното кога со својот автомобил удрил во две возила. Синот на поранешниот пратеник бил во алкохолизирана состојба. Инцидентот го потврди МВР, од каде што велат дека е поднесена и пријава против возачот.

Според очевидците, откако ги оштетил останатите возила и предизвикал сообраќајка, Г.Б. излегол од своето возило „масерати“ и со боксови ги нападнал присутните.

 

Scroll to Top