Анхелика Гаетан од Колумбија, која две години се водела како исчезната, е пронајдена жива на два километра од брегот на градот Пуерто Колумбија, во водите на Атлантскиот Океан. 46-годишната жена случајно ја пронашол рибарски брод во саботата. Таа лебдела во водата без пловило, била истоштена, со хипотермија и не знаела каде се наоѓа.
Полицијата почна истрага за случајот, за да се открие каде била спасената жена изминативе две години и како завршила во океанот.
Според локалните медиуми, таа останала во вода најмалку осум часа пред да биде префрлена во болница и долго време била во шок.
Нејзиното семејство веќе почнало да собира пари за таа да се врати во Богота.