23-годишна жена е најмладата баба на светот

Романката Рикда е најмладата баба на светот. Таа има 23 години, а на 12 години ја родила својата ќерка Марија. Марија сега има 11 години и неодамна родила момче, нејзиното прво бебе.

Кај Ромите бракот и мајчинството на млади години не се изненадување. Рикда се омажила кога имала 11 години, а нејзиното момче имало 13. Таа решила да се омажи млада за да избегне да се венча со момче шо татко ѝ го избрал за неа.

Рикда се борела ќерка ѝ да остане во училиште и да продолжи со образованието, но не успеала. Марија по желба на сопругот на Рикда се венчала на 10-годишна возраст и веднаш останала бремена. Рикда не била воодушевена, но се согласила..

„Среќна сум што сум баба, но сакав нешто повеќе за Марија. И нешто повеќе за мене. Не ја спречив ќерка ми во венчавката бидејќи тоа е традицијата, тоа се случува.“

Scroll to Top