Илјадници голи жени се собраа на плажа во Ирска за да го надминат рекордот во светот за најголема група на голи жени кои пливаат во морето.
Настанот се одржа во петокот на плажата “Магермормор” во Виклоу. Жените од цела Ирска и пошироко се собраа во обид да создадат најголемо масовно и голо пливање. Фотографиите покажуваат море со голи тела кои трчаат во водата, оставајќи купови облека на плажата зад нив.
Претходниот светски рекорд беше поставен во март 2015 година, кога 786 луѓе се собраа во Перт, Австралија. Финска, исто така, тврдеше дека има најголем собир на голи тела, кога 789 тела се соблекоа на музички фестивал во 2017 година.
Овие жени на ирската плажа, лесно го надминаа рекордот, со 2.505 лица кои се соблекоа и трчаа во морето.
Настанот има хуманитарен карактер, со цел да се соберат пари за деца кои боледуваат од канцер. Голем дел од голите жени, боледуваат од канцер.