27 градови најдобри за иселениците

На основа на анкетите во кои учествувале речиси 8000 луѓе од 40 земји, InterNations направил листа на 27 градови за кои доселениците тврдат дека се најдобри за живеење и работа.

Трендот на заминување на младите од балканските држави во странство одамна е во пораст, а пред да се одлучат да си заминат, повеќето од нив се во дилема каде да заминат.

Ако планирате да си заминете од Македонија, а сè уште не сте донеле конечна одлука каде би отишле, можеби оваа листа ќе ви помогне во потрагата по подобар живот.

Главен услов за овие градови да се најдат на листата е да бидат споменати од страна на 45 испитаници. По тоа го оценувале квалитетот на животот во тој град, работните можности и финансии, но и леснотијата со која доселениците се снашле во новата средина, пренесува „Индипендент“.

На листата се нашле дури 15 европски градови, меѓу кои предничат германските.

 

27. Стокхолм, Шведска

26. Кејп Таун, Јужна Африка

25. Кампала, Уганда

24. Минхен, Германија

23. Цирих, Швајцарија

22. Виена, Австрија

21. Сеул, Јужна Кореја

20. Хамбург, Германија

19. Хаг, Холандија

18. Берлин, Германија

17. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

16. Луксембург, Луксембург

15. Абу Даби, Обединети Арапски Емирати

14. Окленд, Нов Зеланд

13. Будимпешта, Унгарија

12. Мускат, Оман

11. Мексико Сити, Мексико

10. Франкфурт, Германија

9. Базел, Швајцарија

8. Бангкок, Тајланд

7. Јоханесбург, Јужна Африка

6. Барселона, Шпанија

5. Амстердам, Холандија

4. Куала Лумпур, Малезија

3. Мадрид, Шпанија

2. Прага, Република Чешка

1. Манама, Бахреин

 

Scroll to Top