Газда им плаќа на вработените да доаѓаат со велосипед на работа

Компанија од Нов Зеланд им понудила на вработените кеш ако почнат да доѓаат со велосипед на работа. Работниците кои доаѓаат и си заминуваат на две тркала ќе добиваат по 5 долари дневно. Доколку продолжат и повеќе од шест месеци да практикуваат да доаѓаат на велосипед, сумата ќе се удвои на 10 долари, а сите пари ќе им бидат исплатени како бонус на крајот на годината, пишува „Гардијан“.

„Размислував извесно време дека би било одлично некако да го промовирам возењето велосипед затоа што сум страствен вљубеник на возењето велосипед. Парите очигледно се најголем потикнувач“, вели Тим Чезни од маркетинг агенцијата Make colective. „Инстиктот ми говореше дека тоа ќе биде добро за работната средина. Знам по себе, се чувствувам многу енергично кога возам“.

Чезни наведува дека некои вработени биле неодлучни на почетокот затоа што фирмата нема бања каде што би можеле да се истушираат, но понудата била премногу добра за да ја одбијат и се приклучиле пет од шест вработени.

Еден од вработените, Елиот Гилмор, изјавил дека закрепнувањето  од возењето е најтешкиот дел, но дека возењето велосипед е подобро за неговото здравје отколку вежбање во вежбалница.

„Засега е одлично, поминувам покрај паркот, гледам како луѓето ги хранат патките, читаат книга и слично, што прилично се разликува во однос на чекањето на семафор“, вели еден од вработените.

Градот во кој се наоѓа оваа компанија, Крајтрќ, има многу повеќе велосипедисти отколку кој било друг град во Нов Зеланд. Има 13 велосипедски патеки.

Scroll to Top