Британецот Фаиз Сидикви (41) ги тужи родителите, затоа што не сакале повеќе да го издржуваат, пренесуваат британските медиуми. Иако дипломирал на Универзитетот „Оксфорд“ и е правник, тој тврди дека е целосно зависен од неговите родители кои живеат во Дубаи.
На суд побарал тие да му помагаат финансиски целиот живот. Во документите на неговите адвокати, кои ги објавија некои од медиумите, стои дека тој е „ранливо“ возрасно дете со здравствени проблеми.
Неговиот адвокатски тим тврди дека со престанувањето на финансиската поддршка од страна на неговите родители, кои биле богати, се кршеле неговите човекови права, пренесува Oddity Central.
Сидикви не работи од 2011 година. Тој целиот живот престојувал бесплатно во стан вреден 1,14 милиони долари, кој бил на име на неговите родители Ракшанда (69) и таткото Џавед (71).
Станот се наоѓал во лондонскиот Хајд парк. Неговите родители му ги плаќале и сметките и му давале 550 долари џепарлак неделно. Сега се заканиле дека ќе престанат да го финансираат поради кавгата што ја имале.
„Неговите родители, кои страдаат подолго време, имаат свои ставови за тоа што е соодветно за нивниот тежок и мачен син“, изјавил нивниот адвокат Џастин Варшава за „QC“ и „The Sun“.
Ова не е првпат Фаиз Сидикви да се појавува во медиумите. За потсетување, пред неколку години тој завршил на вести затоа што го тужел „Оксфорд“ тврдејќи дека институцијата не му обезбедува соодветно образование, што наводно го спречувало да добие првокласна диплома.
Тоа вели дека влијаело на неговата правна кариера. Тој барал 1,4 милиони долари, но судијата го одбил неговото барање. Тој минатата година поднел тужба против неговите родители со барање за поддршка, но и таа била отфрлена од судијата на семејниот суд.
Сега е упатен до Апелациониот суд и се смета за значаен случај што може да влијае на правата на секој родител од Велика Британија. Сега тој се жали на пресудата. Целата јавност е насочена кон овој случај, бидејќи би можел да направи преседан и за другите родители.