5 едноставни правила за ноќна нега на лицето

Правилното чистење на лицето е важен фактор за одржување на убавината и младоста на вашето лице. Се препорачува тоа да ви прејде во навика два пати во денот – наутро и навечер. Навечер за да ги отстраните нечистотиите и шминката кои што се таложеле на лицето во текот на денот, а наутро за да ја исчистите површината на кожата од токсините кој ја надразниле кожата во текот на ноќта и да ја подготвите кожата за хидратантен крем.

1. Направете длабински пилинг на лицето

Голем број од луѓето не го чистат лицето на правилен начин , со што остануваат нечистотиите и микробите впиени во порите на кожата. Најпрвин со помош на мека силиконска четкичка или памучни тампони направете длабински пилинг без да ја триете кожата на лицето со што на правилен начин би ја извадиле шминката што цел ден сте ја носеле и се таложила на лицето.

2. Нанесете смирувачка маска за лице
Секој продукт кој ќе го изберете за нега на лицето треба да одговара на вашиот тип на кожа. Не треба да користите продукти кои ја сушат или иритираат кожата. Правилната козметика треба да ја освежува кожата и да ја прави мека и нежна.
Постои голем и широк асортиман на заштитни маски за лице во зависност од потребата. Постојат маски за чистење на запушените пори на лицето па се до маски кои делуваат како anti-age и ги ублажуваат настанатите брчки на лицето. Поголемиот дел од заштитните маски во себе содржат “природни состојки” кои длабински навлегува во порите на кожата , ја обновува и и дава смирувачки ефект.

3. Нанесете ретиноидна крема за лице
Откако темелно ќе го исчистите лицето , следно што треба да направите е да нанесете мала количина ретиноидна крема , односно крема против стареење на лицето, која длабоко навлегува во шуплините и ја хидратира и ја подмладува кожата.

4. Ставете дебел слој хидратантна крема по лицето и пределот кај вратот

Главната разлика помеѓу дневната и ноќната хидратантна крема е во тоа што , дневната крема за разлика од ноќната содржи заштитен фактор и дава побрз и поочигледен ефект на кожата , но ноќната крема пак и дава свежина и мекост на кожата и пределот на вратот. При изборот на правилна хидратантна крема одберете крема која во себе ги содржи витамините A и Ц , бидејќи овие витамини и даваат на кожата поголем сјај и ја штитат од штетните бактерии.

5. Крема за пределот околу очите

Една од клучните елементи при нега на лицето е користењето на специјални креми наменети за пределот околу очите. Овој тип на креми помагаат да се спечи појавата на ситни брчки во тој предел од лицето.
Поголемиот дел од кремите за околу очи во својот состав содржат кофеин , кој помага да се намали подуеноста во тој дел, исто така кремите содржат и никотинамид , кој го намалува нивото на влажност и ја заштитува кожата од сушење и појава на брчки.

Scroll to Top