Адвокатка во Турција, штрајкувала со глад до смрт

Турската адвокатка Ебру Тимтик (42) починала синоќа во една болница во Истанбул, откако 238 дена штрајкувала со глад.

Таа се занимавала со човекови права, а починала од последица на штрајкот со глад, кој го почнала во затвор. Таа имала намера да се избори за правично судење за себе и група на свои колеги.

Како што пренесува „Асошиетед Прес“, 42 годишната Ебру, заедно со нејзините 17 колеги, била обвинета за наводна поврзаност со забранетата Револуционерна партија на народно ослободување, милитантна организација, која во Турција, САД и Европската унија е означена како терористичка.

Ебру е прогласена за виновна во март 2019 година, кога и била изречена затворска казна во траење од 13 години и шест месеци. Во моментите на нејзината смрт, случајот го разгледувал еден од апелационите судови.

Scroll to Top