Едокси Јао ја нарекуваат африканската Ким Кардашијан. Има 95 килограми, но она по што се разликува од другите се нејзините облини. Таа тврди дека е сосема задоволна и дека нема намера да ослабне.
Оваа жена има обем на задникот од 152 сантиметри и тврди дека не извршила пластична операција.
„Сè е работа на генетика во мојот случај. Јас сум голем обожавател на Ким Кардашијан, го сакам нејзиниот стил на облекување. Често ме споредуваат со неа и со тоа што го прави таа и поради тоа сум пресреќна“, вели Јао и се надева дека ќе ја доживее популарноста на нејзината омилена ѕвезда.
„Во моето семејство имало личности со поголеми задници од мојата. Кога ќе излезам на улица целиот сообраќај запира. Луѓето се шокирани и изненадени од мојата појава, но никогаш не ми го кажуваат тоа во лице. Мене сето тоа ми е симпатично“, вели Јао.