Академијата најави промени на Оскарите

Академијата за филмска уметност и наука најави промени за 94. доделување на Оскарите. Од 2022 година, ќе има 10 номинации за најдобар филм, пренесува „Асошиетед Прес“. Исто така Академијата планира да воведе и критериуми во поглед на разноликоста.

Академијата, меѓу останатото се обврзала на нова иницијатива која ја нарекла „Апертура академија 2025“. Промените се реакција на критиките дека Оскарот бил премногу бел и машки.

Ниту една промена нема да влијае на 93. доделување на наградите за Академијата, која ќе се одржи во Лос Анџелес на 28. февруари 2021 година, затоа што подготовките за истата се почнати.

 

Scroll to Top