Ако имате стан на ова место, може да заработувате по 100 евра дневно

По Берлин, сега постои уште еден град со бомбастична цена на недвижностите. Просечната цена изнесува околу 2.000 евра, цена што е двојно помала од пред десетина години.

Ако пред десет години сте купиле стан во Стокхолм, сега можете да заработувате и по 100 евра секој ден, само ако живеете во него, пишува businessinsider.com.

Од 2006 година трошоците за живот во шведската престолнина се удвоени и денеска просечната цена за квадратен метар во центарот на градот изнесува 9.909 евра надминувајќи ја цената на европските мегаградови како Париз.

Со самото тоа, тие што ја искористиле можноста да купат стан пред десет години, пред да настапи економската криза, тогаш го добиле по многу поевтина цена за разлика од онаа за која денеска би требало да издвојуваат.

„Она што е поинаку во случајот со Стокхолм е тоа што цените на недвижностите не паднаа по кризата. Постоел само привремен застој пред трендот на закрепнување повторно да продолжи“, изјави Пер Арне Сандегрен, главниот аналитичар на компанијата „Свенска макларстатисик“, компанијата што собра податоци од шведскиот пазар на станови.

Иако цената на недвижностите расте и во другите европски градови, се чини дека Стокхолм по тоа е надминат, па животот во Берлин или Копенхаген е далеку поевтин.

Становите во Копенхаген се двојно поевтини од оние во Стокхолм.

 

Scroll to Top