Авионот Air Force1 е дизајниран да послужи во случај на ненадеен нуклеарен напад врз Америка.
Официјално е познат како National Airborne Operations Center, место од каде што американскиот претседател издава наредби и донесува клучни одлуки додека е на небото.
Авионот има широк спектар на одбранбени механизми вклучувајќи ја и способноста да издржи електромагнетни импулси. Екипажот на авионот ги користи традиционалните аналогни инструменти на летање во кокпитот затоа што помалку се подложни на сајбер-напади.
Иако овој авион не е технички карактеризиран како таен проект, ова летало е најбезбедното во кое претседателот може да биде во случај на нуклеарна војна.
За разлика од традиционалниот комфор што го имаат повеќе патнички авиони, Air Force 1 поседува и главна соба, таканаречена воена, каде што седат над десетина воени аналитичари, стратези и помошници за комуникација, кои го водат претседателот низ првите денови од нуклеарната војна.
Исто така, авионот поседува и посебна опрема, како што е антена долга осум километри за претседателот да може да остане во контакт со флотата нуклеарни подморници и по уништувањето на комуникацијата на земјата.
Во текот на последната деценија на Студената војна авионот „Е4Б“ стоел во воздухопловната база „Ендруз“ во Мериленд. Леталото секогаш е во состојба на подготвеност во Омаха, во државата Небраска.