Александар Вучиќ положи венец на местото каде беше убиен Оливер Ивановиќ

By

Претседателот на Србија Александар Вучиќ стигна во Косовска Митровица и положи венец пред канцеларијата на Граѓанската иницијатива SDP, во Косовска Митровица, каде во вторникот бил убиен нејзиниот лидер Оливер Ивановиќ.

Вучиќ во придружба на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марк Џуриќ, шефот на BIA, Братислав Гашиќ, и претседателот на општината за северот на Косово, и претставник на Српската листа, му оддадоа почит на трагично убиениот Ивановиќ.

 

Испратена е и единствена порака дека државата нема да дозволи да завладее немир во јужната српска покраина.

Како што јавуваат српските медиуми, неколку илјади граѓани се собраа на улиците на Косовска Митровица за да го дочекаат претседателот, а градот е целиот со српски развеани српски знамиња.

Тие српската делегација ја дочекаа со аплауз и гласни повици „Србија, Србија“.

Како што е најавено, претседателот на Србија по положувањето на венецот и посетата на манастирот Бањско, ќе го обиколат и Техничкиот факултет на Косовска Митровица.

После тоа, претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговара со граѓаните во Домот на културата, кој се наоѓа недалеку од Приштина.

 

 

 

Ќе ви се допадне