„Алкотраз“ е коктел-бар во затвор каде што е пожелно да се шверцува пијалакот што сакате да го испиете, но треба добро да го сокриете бидејќи ако чуварите на затворот, односно на коктел-барот, забележат дека носите пијалак, ќе останете без него.
Првиот лондонски коктел-бар направен во затворски стил е отворен во 2017 година и има многу интересно име – „Алкотраз“. Секако дека сличноста со името на познатиот затвор „Алкатраз“ е намерна, а станува збор за бар во кој е дозволено да си однесете пијалак, но морате да внимавате, исто како и во затвор, да не ве фатат чуварите.
Сите пијалаци што ќе ги внесете се сервираат како во кафуле, а за доживувањето да биде целосно, на влезот ќе добиете затворска облека и пијалакот ќе го пиете во ќелија.
Барот е инспириран од познатиот затвор „Алкатраз“, а има капацитет до 30 затвореници. Во барот нема мени и сѐ се служи во метални затворски чаши за чуварите да не знаат кој што пие.
„Алкотраз“ во суштина бара од затворениците да бидат креативни во обидите за шверц на пијалак за искуството во барот да е што поавтентично и поинтересно. Влезницата чини 36 фунти, а пијалаците си ги носите сами. Денес вакви барови има во неколку британски градови и се многу популарни.