Америка на колена, километри редови невработени чекаат по 8 часа да се пријават

Како сојузните држави во САД полека се отвораат и враќаат во нормала, по пандемијата со коронавирус, во голем број од градовите можат да се видат долги редови од луѓе кои бараат помош и надокнада за невработеност.
Во редовите има по неколку илјади луѓе, а како што пренесуваат тамошните медиуми, се чекаат и по 8 часа за да се биде услужен.

Минатата недела биле поднесени 1,48 милиони барања за добивање надокнада за невработеност, што значи дека бројот на луѓе кои останале без работа поради пандемијата со коронавирусот, останал висок.
Економистите кои ги анкетирала компанијата „Дау Џонс“, очекувале дека ќе бидат поднесени 1,35 милиони барања.

Иако неделниот показател и понатаму е висок и е многу полош од предвидувањата веќе втора недела постепено, вкупниот број на оние кои добиле надокнада продолжува да опаѓа.

Вкупниот број на приматели, или оние кои трајно добиле надокнада, се намалил за 767.000, односно на 19,52 милиони луѓе. Во рамки на Пандемиската програма за помош на невработените, минатата недела се поднесени 728.120 барања.

Минатонеделните показатели покажуваат дека бројот на пријави веќе 14 недела по ред останува над милион, а рекордниот број од 6,9 милиони пријави е забележан во неделата, завршно со 21 март, непосредно откако Светската здравствена организација ја прогласила пандемијата, а поголем дел од американската економија, прекина со работа.

Пред тоа, барањата за добивање на надокнада, никогаш не биле поголеми од еден милион. Далеку најголем број на барања поднесени се во Калифорнија 45.930. Во последните 3 месеци во Америка, речиси 46 милиони луѓе останале без работа поради пандемијата со коронавирус.

Иако неделниот показател и понатаму е висок и е многу полош од предвидувањата веќе втора недела постепено, вкупниот број на оние кои добиле надокнада продолжува да опаѓа.
Во рамки на Пандемиската програма за помош на невработените, минатата недела се поднесени 728.120 барања.
Scroll to Top