Американец ослободен по 27 години за убиство што не го сторил

Џон Бан, 41-годишен Афроамериканец, е ослободен по 27 години за убиство на полицаец што не го сторил, но му го наместил корумпиран њујоршки детектив.

Во впечатливиот момент кога судијката му ја прочитал ослободувачката пресуда на судот во Бруклин, Бан заплакал, ја фатил судијката за раце и ја подигнал главата за да ѝ се заблагодари, додека луѓето во судницата почнале да аплаудираат.

„Сакам да ви се заблагодарам чесен суде затоа што 27 години се борев за својот живот“, изјавил Бан, видливо облеан со емоции.

Потоа се свртел кон обвинителите и во солзи им рекол; „Сакам сите да знаете дека осудивте и држевте погрешен човек во затвор“.

Бан во затвор минал 17 години, а пуштен е на условна слобода во 2009 година.

Уапсен е и обвинет во 1991 година, кога имал само 14 години, а бил обвинет заедно со уште еден друг тинејџер по име Розин Харгрејв дека ги извадиле полицајците Роланд Нејчер и Роберт Кросон од возилото, заканувајќи им се со пиштол, а потоа го убилe Нејчер па побегналe со украдениот автомобил.

„Јас сум и повеќе од емотивна овој ден. Сте имале 14 години во тоа време. Ова никогаш не смеело да се случи“, изјавила судијката Шон Џа Симпсон.

Како што тврделе адвокатите на Баб на судењето, обвинувањето за нивниот клиент било проблематично од самиот почеток. На местото на убиството не биле пронајдени отпечатоци од двете момчиња, а преживеаниот полицаец во еден момент во истрагата ги опишал убијците како белци во дваесеттите години, а не како црни тинејџери.

Адвокатот Глен Гарбер ги опишал ваквите проблеми како очигледни и додал дека немало оправдана причина за апсење на неговиот клиент, кому, како што тврди адвокатот, случајот му бил наместен.

Харграв, кој денеска има 44 години, исто така бил ослободен. За осудата на овие двајца невини луѓе главен виновник е пензионираниот њујоршки детектив Луис Скарсел, за кој подоцна е откриено дека со години користел недозволени методи во истрагата.

До ревизијата и отстранувањето на пресудата во случаите со Бан и Харгрејв дошло кога обвинителството во Бруклин одлучило да преиспита повеќе од 70 случаи на убиства кои ги истражувал Скарсел во текот на својата кариера.

А тие не се единствените. Минатата година исто така бил ослободен и Џабар Вашингтон, кој минал повеќе од 20 години во затвор за убиство што не го сторил. Повеќе од десет случаи на пензионираниот корумпиран детектив веќе се отфрлени на суд.

 

 

Scroll to Top