Американец за пет минути освоил два џекпота

Американецот Џим Зигмонт од американската држава Конектикат освоил два џекпота во рамки на пет минути. Џим вели дека двете добитни ливчиња ги купил од истата продавница.

„Првото ливче го купив и освоив 20 000 долари. Беше сјајно. За малку ќе се онесвестев. Пет минути подоцно купив уште едно ливче и освоив уште 20 000 долари. Не можев да поверувам“, изјавил Џим.

Среќниот добитник изјавил дека досега главно освојувал многу награди на ваквите тикети. Џим вели дека тие му биле омилената игра на среќа.

Scroll to Top