Американските средношколци покажале елементарно непознавање на историјата кога во едно истражување и анкета одреден процент одговориле дека Евреите се виновни за холокаустот.
20 % од испитаните средношколци во САД сметаат дека Евреите биле главните виновници во Втората светска војна. Во анкетата 58 % од средношколците не можеле да одговорат и да го кажат името на ниту еден логор, а ги имало повеќе од 40.000.
„Резултатите се шокирачки и тажни и покажуваат дека мораме веднаш да дејствуваме, додека преживеаните од холокаустот сè уште се со нас, за да можеме и ние да ја прикажеме нашата страна од приказната“, изјавила Гидеон Тејлор, претседател на Конференцијата за еврејски мателијарни барања против Германија.
Неговата изјава тој ја дал по истражувањето за холокаустот и направената анкета на млади луѓе во САД, кои се родени во периодот од 1980 до 1994 година, и помладите генерации, кои се родени во периодот меѓу 1995 година и 2012 година.
Целта на истражувањето било да се провери знаењето на споменатите генерации за катастрофата што се случила за време на Втората светска војна, односно обидот за етничко чистење на Евреите.
Околу 60 % од испитаниците во Њујорк не знаеле дека за време на холокаустот биле убиени шест милиони Евреи, а 34 % од нив сметале дека бројот на убиени Евреи е преувеличен, односно дека холокаустот е еден вид мит или дека никогаш не се случил.
28 % од луѓето не веруваат дека неонацистите биле прифатливи, а 62 % од нив изјавиле дека никогаш не посетиле музеј кој бил посветен на страдањето на Евреите во Втората светска војна.
Сепак, 65 % од нив сметаат деак образованието за холокаустот е неопходно на училиште, а 79 % од нив истакнуваат дека е важно да се продолжи со учењето на децата за никогаш тој да не се заборави и да не се повтори.
„Мораме да сфатиме зошто не се работи на подобрување на работата на едукацијата на младите генерации за холокаустот и лекциите од минатото. Ова мора да ни биде лекција и алармот мора веднаш да биде вклучен за властите и тие веднаш да реагираат“, изјавила Тејлор.
Истражувањето се заснова на 1.000 интервјуа во сите држави во САД. 200 од таквите интервјуа биле направени во секоја земја на луѓе на возраст од 18 до 39 години.