Хрватскиот пелинковец „антик“ е еден од најинтересните пијалаци на светот според американскиот весникот „Ју-Ес-Еј тудеј“. Тој се најде на неговата листа од 15 алкохолни пијалаци, ликери и пакувани коктели коишто мора да ги пробате.
„Иако не е толку раширен во САД како шкотско виски или италијанско амаро, ‘пелинковец‘ е интересен ликер кој вреди да се проба. Иако во мешавини со пелин ужива целиот Балкан, ‘антик’ му дава изразено хрватски шмек на овој пијалак, што основачот на компанијата Фрањо Покорни го креирал како помош при варење. ‘Антик‘ оди одлично во коктели, но за најдобар резултат, пијте го со коцка мраз и кришка портокал“, напиша „Ју-Ес-Еј тудеј“.
Пијалокот го произведува „Бадел“ по оригинален рецепт од основањето во 1862 година. Тој се прави од 100% природни состојки. Покрај него на листата се најдоа и румовите „ново фого“ и „коконат картел“, вискито „јелоу роуз“, џиновите „скејпгрејс блек“ и „фордс“ и коктелот во лименка „сипони“.