Американците тврдат дека Израел ја гранатирал воената база во Сирија

Израел го информирал САД за плановите да ја нападне Сирија во ноќта меѓу неделата и понеделникот, изјавиле денеска двајца официјални претставници од Америка, за „Ен-Би-Си њуз“.

Тие потврдиле дека израелската војска го извела нападот врз воздухопловната база во Сирија, нешто што Израел јавно досега го немало потврдено. Израел се држи во рамки на политиката за тоа дека директно не ја превзема одговорноста за акциите на сириско тло, наведуваат израелските медиуми.

Израелските медиуми наведуваат дека е невообичаена потврдата на американските официјални лица, чии имиња не се наведуваат, за акцијата за која Израел не превземал одговорност. Во време на претходниот претседател на САД, Барак Обама, израелската страна секогаш се жалела за тоа дека во медиумите протекуваат информации дека нивната земја е одговорна за нападите во Сирија.

Претходно Русија јавно го обвинила Израел за овој напад на сириската воена база покрај Хомс и истиот го осудила. Сирија прво го обвини САД, но Пентагон негираче дека ваква акција била изведена од страна на нивните трупи.

Кремљ соопштил дека Москва не била однапред известена. Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот на Русија Владимир Путин, изјавил пред новинарите дека израелските официјални лица не разговарале со претседателот во пресрет на нападот ѝ покрај тоа што во базата постоело ризик да се наоѓаат руски воени сојузници. Тој ваквиот настан го опишал како нешто кое треба да биде загрижувачки за сите.

Руската војска изјавила дека двата израелска авиони од типот Ф-15, ги извеле ударите од воздух врз воената база Т-4. Испалени се осум ракети од кои пет се соборени, но три го погодиле западниот дел од базата. Загинале 14 лица, меѓу кои имало и државјани на Иран.
Израелското Министерство за надворешни работи не одговорило на молбата да ги коментира обвинувањата, пренесува АП.
Од 2012 година, Израел ја напаѓал Сирија повеќе од 100 пати, воглавно целејќи на конвои со оружје, за кои верувале дека се наменети за либанскиот Хезоблах, кои се борел на страната на сириските власти и претседателот Башар Асад, во војната која со години беснее во Сирија.
Израел во февруари ја нападнал истата база Т-4, откако еден ирански дрон бил лансиран од неа и долетал во израелскиот воздушен простор.

 

Scroll to Top