Андроид играта со име „Ping Celans Up“, која ви дозволува самите да креирате сопствен пингвин, ги измамува корисниците да платат 5,49 евра неделно за нејзино играње.
Како што е случај со сличните вакви игри, морате рачно да ја откажете претплатата, за да компанијата прекине да ви ги зема парите, во спротивно, ќе продолжи секоја недела да ви ја празни сметката.
Еве како измамата функционира: По инсталирањето и почнувањето со игра, вие дизајнирате свој аватар пингвин. Кога ќе завршите со играта, ве прашуваат дали сакате да го потврдите вашиот дизајн.
Првите два прозори се целосно нормални, но на третиот се случува измамата. Последниот бокс всушност е бокс за претплата која ќе ве намами да притиснете на неделно плаќање.
За цела среќа, „Гугл“ многу брзо го приметил овој проблем и ја отстранил играта.
Но, и понатаму би требало да бидете внимателни, затоа што истата измама може да се крие во некоја друга апликација или игра.