Англичанка ја прадала невиноста за да шета низ светот и да почне сопствен бизнис

Студентката од Лондон Џасмин (26) ја продала својата невиност на сајтот на германската фирма Sindarel eskorts за цена од 1,2 милиони евра. Купецот е холивудски актер, кој за неа дал најголема понуда.

Холивудската ѕвезда од Лос Анџелес поминал една ноќ со Џасмин, а на лицитација  понудил повеќе од германски бизнисмен од Минхен и фудбалер на Манчестер Јунајтед. Се разбира имињата не се споменуваат.

„Трансакцијата“ ќе биде објавена во април во еден хотел во Германија, каде што ваквиот бизнис е легален, а Џасмин вели дека излегла на вечера со сите од водечката тројка кои биле заинтересирани за нејзината невиност.

„Родителите ме поддржуваа од почетокот. Знаеја и добив нивен благослов“, вели Џасмин за „Дејли мејл“. Имам 26 години и доволно сум возрасна самата да одлучувам за моето тело. Запознав актер чиј обожавател бев и повеќе бев нервозна од што ќе го запознаам мојот идол отколку што ќе ја загубам невиноста“, додава таа.

„Никогаш не сонував дека ќе добијам толку пари. Но, уште повеќе сум воодушевена поради личноста која ме купи. Тоа е фантастично!“, вели Џастин, која не можела да ја сокрие радоста за време на изјавата.

Исто така, таа дополнила дека ја продава невиноста затоа што сака да патува низ светот, а потоа да почне сопствен бизнис, нешто за што ѝ се потребни пари.

Како и во секоја трансакција од ваков тип, Џасмин 20% од заработката ќе ја подели со Sindareli eskorts.

„Вечните богаташи сакаат ексклузивни работи. Многу старо вино или ексклузивен автомобил кој е произведен само во 100 примероци. Жената може да ја даде невиноста еднаш во животот, а Џасмин ја сочувала 26 години. Нејзината невиност не е само реткост, таа е единствена“, вели за „Сан“ Јан Закобилски, сопственикот на Sindarele eskort.

Scroll to Top