Англиски дизајнер обои пешачки премини во Лондон за да ги расположи жителите на градот

Дизајнерот Јинка Илори со живописни бои трансформира 18 пешачки премини во Лондон. Познатиот уметник ги замени црно-белите премини во центарот на градот со шарени дизајни направени во нијанси на сина, портокалова, розова, виолетова и зелена боја.

Проектот на Илори, „Зближи го Лондон“, е направен за да предизвика весели чувства кај луѓето што се движат низ градските улици, особено во есен кога градот е тмурен.

„Место да бидат здодевни, пешачките премини може да бидат точка каде што луѓето може да искусат уметност. Се надевам дека ќе предизвикаат радост, насмевка и позитива во нивното секојдневие“, вели дизајнерот.

Ова уметничко дело е во рамките на Фестивалот на дизајн, а на Јинка му помогнаа студенти од Универзитетот за уметност.

Scroll to Top