Во случај на ескалација на кризата во Сирија, Русија има повеќе тајни оружја што би можеле да помогнат војната да се реши во нејзина корист.
Едно од нив е антибалистичкиот и антисателитски систем Нудол, кој сè уште не е тестиран во борба.
Системот е направен да ја заштити Москва и другите индустриски региони во Русија во случај на нуклеарен напад.
Во себе содржи нуклеарни боеви глави, кои во голема мера ја подигаат неговата способност да ги уништи противничките ракети и сателити.
Може да погоди цел во радиус од 350 километри.
Некои извори наведуваат дека во случај на напад во Сирија овој систем може веднаш да ги уништи сите француски, британски и американски сателити и на тој начин да им ја пресече комуникацијата, нешто што на сојузниците може да им овозможи голема предност.