Aпликација за мобилен утврдува правила за секс

By

Холандска компанија создаде апликација под името LegalFling преку која корисниците може да си праќаат покана за сексуален однос бидејќи „сексот треба да биде забавен и безбеден“. Покрај поканата за секс, преку апликацијата може да се побара или да се утврди листа на сексуални преференци и желби, но и „дозволени“ и „забранети“ работи на состанокот.

Корисниците може да се изјаснат дали се согласуваат да се снимаат за време на секс, дали сакаат користење експлицитен говор, користење садо-мазо помагала, користење кондом и дали гарантираат дека немаат сексуално преносливи болести.

Авторите на апликацијата тврдат дека ја направиле со намера да се осигура заемна согласност за секс, но и да се заштитат двајцата партнери пред да се впуштат во сексуален однос. Тоа не се однесува само на врските за една ноќ, туку и за оние што се заинтересирани за долгорочни врски.

LegalFling уште чека одобрување за да биде достапна за симнување преку „Гугл“ и „Ејпл“. Самата идеја наиде на критики на социјалните мрежи, со коментар дека е неетичка.

Ќе ви се допадне