Арап од Саудиска Арабија, го сврте вниманието, но и бесот на тамошната јавност, откако објави селфи со неговата сопруга додека таа вози. Фотографијата тој ја објавил само три дена откако властите во земјата најавија дека на жените ќе им биде дозволено да возат автомобили.
„Додека чекаме законот да стапи на сила, започнав да ја учам мојата сопруга да вози, на безбеден и легален начин на еден приватен паркинг“, напишал човекот, кој работи во нафтена компанија.
Неговата објава предизвика бурни реакции во тамошната јавност. „Дали се чувствуваш барем малку засрамено бидејќи објавуваш ваква фотографија, засрами се“, му напишаа некои од нив.
Жените во Саудиска Арабија, покрај тоа што не смеат да возат, се уште им е забрането и да се разведуваат, да отвораат сопствена сметка во банка, како и да се вработат без дозвола од најблизок маж во фамилијата.