Аргентински милијардер ќе постави статуа од Марадона на аеродром

Аргентинскиот милијардер Едуардо Еурнекијан, има намера да го исполни своето ветување кое му го дал на својот добар пријател, неодамна починатиот легендарен фудбалер Диего Армандо Марадона и да постави негова статуа на најголемиот аеродром во Аргентина, во Буенос Аирес.

Едуардо има во план да ја постави статуата од Марадона на аеродромот Есеиза. Тој е основач на корпорацијата на Американски аеродроми и е еден од најуспените аргентински бизнисмени. Својата намера ја соопшти во некролог, кој го објави во дневниот весник „Насион“, пренесува „Танјунг“.

„Почивај во мир. Ќе ја имаш својата статуа“, стои во прошталната порака на Еурнекијан, кој планира до крајот на декември да ја постави статуата на Марадона, во природна големина.

Пријателството на покојниот Марадона и Едуардо, трае повеќе децении. Двајцата се пријатели уште од 1978 година, кога се запознале преку некогашниот селектор на фудбалската репрезентација на Аргентина, Сесар Меноти.

 

Scroll to Top