Археолози од Турција пронашле остатоци од тројанскиот коњ

Археолози кои вршат ископувања во Турција, на местото на историскиот град Троја, на брдата на Хисарлика, откриле голема древна конструкција за која веруваат дека претставува остаток од легендарниот тројански коњ.

За време на ископувањето тие откриле десетина даски и греди со должина до 15 метри кои се составени во необичен облик, што ги навело експертите да се посомневаат дека се од тројанскиот коњ, пренесува „Грик репортер“.

Повеќето научници сметаат дека тројанскиот коњ е митско градежно издание и обично се поврзува со еповите на Хомер, „Илијада“ и „Одисеја“.

Приказната за тројанскиот коњ се однесува на самиот крај на војната, како дел од стратегијата да се освои Троја и целосно да се победи во конфликтот, а приказната за неа, најмногу ја прикажува Вергилија во „Енеида“, текст од времето на Августовото владеење во Рим.

Историчарите сугерираат дека античкиот писател користел слика од коњ како аналогија за воената машина или можеби за природна катастрофа.

Пронајдената структура одговара на описот на Вергилија, Август и Квинт од Смирна, така што археолозите почнаа да веруваат дека ова откритие е навистина дел од остатоците на лукавата стратегија која Грците ја искористиле за освојување на древната Троја.

Уште едно откритие кое ги поткрепува тврдењата на археолозите е оштетената бронзена плоча со натпис „За враќањето дома“, Грците им ја посветуваат оваа понуда на Атина“, која е пронајдена на локалитетот, а и Квинт од Смирна се повикува на одредена плоча во својата епска песна „По Хомер“.

Двајца археолози кои го воделе ископувањето, професорите од Универзитетот во Бостон, Кристин Морис и Крис Вилсон, велат дека во голема мера се убедени дека оваа структура навистина е поврзана со легендарниот коњ и дека сите досегашни тестови само ја потврдиле нивната теорија.

„Сите тестови за датирање на јаглерод и други анализи сугерираат дека дрвените парчиња и други артефакти датираат од 12 или 11 век пр.н.е., што се совпаѓа со датумите дадени од многу антички историчари, како што Ератостен или Прокло ги навеле за периодот на Тројанската војна“, рече професорката Морис.

Таа нагласила дека не сака да звучи премногу самоуверено, но е прилично сигурна дека се работи за откритие на делови од тројанскиот коњ, затоа што и другите докази, како што е нивниот состав, се совпаѓа со описите од многу извори.

Scroll to Top